Top Sport

„Малиот“ Хаџи трансфер цел на Севилја!

Јанис Хаџи, синот на легендарниот романски фудбалер, Георге Хаџи игра одлично за романската селекција за играчи до 21 година, па скаути од бројни европски клубови се заинтересираа за него.

Шпанска „Марка“ пишува дека Севилја е најблиску до неговиот потпис. Јанис како голем талент беше откриен на негови 16 години. Го купи Фирентина, но не се изнаигра кај „виолетовите“, па се врати во татковината, во тимот на Виторул.

Многумина сметаа дека е Јанис „татин син“, преценет талент, меѓутоа неговиот раскошен талент го презентира сега, на ЕУРО У-21 во Италија и Сан Марино.

Лани Хаџи постигна 14 гола, а додека сега на шампионатот за 2 кола постигна исто толку гола.
Трансфер цената на Романецот се проценува на околу 6 милиони евра, а конкуренција на шпанскиот тим е холандски Ајакс.

Scroll to Top