Top Sport

„Манчестер сити во Кина дојдоа само за да земат пари“

Кинеската новинска агенција „Синхуа“, утрово излезе со текст во кој го „исплукаа“ Манчестер сити. Текстот многу бргу го обиколи фудбалскиот свет, а со особено внимание е проследен во Англија.

Во текстот меѓу другото пишува дека Манчестер сити кон фановите во Кина се однесувале „со непочитување и ароганција“. Сити во Кина играа пријателски турнир со ривалите од Премиер лигата, Вулверхемптон, Њукасл и Вест Хем.

За разлика од своите колеги од Англија, според кинеските медиуми, Сити не успеале да успеал да воспостави врски со локалните навивачи и фанови. Тие тврдат дека „граѓаните“ на турнеја во Кина дошле само поради парите и дека сите иницијативи на локалните навивачи да се поврзат со клубот биле веднаш одбивани и дека биле во најмала рака непријателски настроени кон навивачите.

На удар е најмногу од сите тренерот Пеп Гвардиола, кој неколку пати по натпреварот со Вест Хем одбил да разговара со медиумите. Во текстот на „Синхуа“ посебно се издвојува цитатот кој говори дека еден од клупските директори Феран Сориано, ја договорил турнејата „за да ги искористи локалните фанови и да им ги земе парите“, додека другите клубови„ ги освоиле срцата и симпатиите навивачите со активностите на теренот и надвор од него“.

Англиските медиуми оцениле дека еден ваков „напад’ е срам за Манчестер сити и неговите сопственици бидејќи шеикот Мансур, во 2015 година на „Медија капитал“ од Кина им продал 13 отсто од акциите на клубот за 265 милиони евра.

Тогаш во преговорите лично посредувал претседателот на Кина Си Џи Пинг, бидејќи два месеци пред потпишувањето на договорот додека бил во посета на Велика Британија тој бил на „Итихад“ стадионот во Манчестер.

Scroll to Top