Top Sport

Марадона: Сакам повторно да го гледам сонцето

Диего Армандо Марадона бргу ја заврши својата авантура во Белорусија, откако реши да и се посвети на новата работа, во мексиканскиот клуб Дорадос.

Марадона неколку месеци беше претседател на фудбалскиот клуб Динамо Брет, од Белорусија, но минатата недела реши да ја напушти таа функција и да ја прифати понудата од Мексико.

Второлигашот Дорадос, на официјална прес конференција, го претстави легендарниот Аргентинец како шеф на стручниот штаб, кој изминатите години најчесто беше присутен во медиумите по скандалите што знаеше да ги предизвика.

Последниот скандал му се случи на Светското првенство во Русија кога за малку ќе се предозирал.

„Сакам долго да се здржам тука. Луѓето можат да кажат многу работи, но јас ќе кажам дека ја имав фатено удолницата. Правев чекори наназад, самиот се јадев.Фудбалот е чекор напред, дојдов тука за де сменам. Тоа сакам да го направам поради моите ќерки“, рекол Марадона и дополнил.

„Сакам на Дорадос да му дадам се она што го изгубив додека бев болен. 14 години бев во криза, доста мие е веќе од дроги и алкохол. Сакам повторно да го видам сонцето“.

Марадона, пред преполните трибини на стадионот во Дорадос, веќе го одработил првиот тренинг.

Scroll to Top