Top Sport

Марсело изненаден од одлуката на Лопетеги

Бразилецот Марсело бил помалку шокиран кога тренерот Хулен Лопетеги го извади од теренот по еден час игра, на натпреварот во Џирона. Марсело не е навикнат на ваков третман, во минатото ја напушташе играта, пред таа да заврши, само во случај на повреда.

„Изненаден сум со измената, но ја почитувам одлуката на тренерот.Сакав да го продолжам натпреварот бидејќи сум 100 отсто подготвен“, рекол Марсело.

По мечот тренерот Лопетеги објаснил каква замисла имал кога од игра го извадил Марсело, а на неговото место го ставил Рафаел Варан.

„Сакавме да ја зацврстиме таа страна и да се фокусираме да бидеме силни во воздушните дуели, бидејќи противникот е многу добра во скок играта“, рекол тренерот на Реал.

Инаку, Реал убедливо победи во Џирона со 4:1.

Scroll to Top