Top Sport

Матеус: Ниту со Роналдо Јувентус не се најсилни во Европа

Со Кристијано Роналдо, Јувентус може да ја намали разликата од најдобрите клубови во Европа, но тоа не е гаранција дека ќе ја освојат Лигата на шампионите, вели германската фудбалска легенда, Лотар Матеус.

33-годишниот Роналдо беше најголемото изненадување на летниот преоден рок, преминувајќи од Реал Мадрид во Јувентус откако ја освои четвртата титула од ЛШ со „кралскиот клуб“ и нормално, сега очекувањата во Торино се огромни. Посебно бидејќи Јувентус имаше две финалиња од ЛШ во последните четири години, губејќи од Барселона и од Реал Мадрид, предводени од Роналдо.

Матеус, поранешниот играч на Интер, вели дека не е така едноставно.

„Роналдо веќе не е во најдобрите години за фудбалер. Мислам дека ќе се фокусираат на Лигата на шампионите, каде што знае да покажува перформанси како лани со Реал. Колку и да звучи необично, Јувентус сега имаат сериозни конкуренти за титулата во Италија во Наполи и Интер, но не верувам дека ќе има многу интересен фудбал. Тие можат да бидат поблиску до најдобрите во Европа, но не кажувајте дека Јуве сега се на врвот на елитното ниво само поради Роналдо“, вели Матеус за „Спорт билд“.

Сепак, Германецот признава дека отсуството на Роналдо ќе се почувствува во Шпанија.

„Ла лига беше оштетена со неговото заминување, но Реал Мадрид ќе остане Реал Мадрид и без Роналдо. Тој клуб секогаш губел големи фудбалери и тоа е дел од нивната историја. Но, ќе дојдат нови ѕвезди. Можеби Герет Бејл е вистинската замена за Роналдо и сега ќе го покаже вистинското лице“, додава Матеус.

Scroll to Top