Top Sport

Мбапе го постигна 100 гол во кариерата

Франција синоќа победи во Андор 4:0, во квалификациите за ЕУРО 2020, а напаѓачот Килијан Мбапе го постигна 100 гол во професионалната кариера. За да стигне до оваа бројка на Мбапе му беа потребни 180 натпревари.

Ѕвездата на ПСЖ во јануари ја доби наградата на ФИФА за најдобра млад играч во светот, а минатото лето со Франција стана светски првак, до бројката од 100 гола во кариерата дојде на возраст од 20 години и 173 дена.

Доколку Мбапе го споредиме со двајцата најдобри Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двоец што доминира цела деценија во светскиот фудбал, доаѓаме до следните податоци.

Роналдо 100 гол во кариерата го постигнал кога имал 22 години и 356 дена, а Меси бил на возраст од 22 години и 97 дена.

На 20 годишна возраст Роналдо имал постигнато само 20, а Меси 36 гола.

Дали ова остварување значи дека Мбапе единствениот легитимен наследник и играч што ќе ја обележи иднината на фудбалот?

Scroll to Top