Top Sport

Меси: Ќе играме за нашите животи, ќе биде лудо ако не одиме понатаму

Лионел Меси е сигурен дека Аргентина ќе го победи Катар во последниот меч по групи на Копа Америка и додава дека би било „лудо“ ако тие не успеат да се пласираат понатаму.

Селекцијата на Лионел Скалони може да испадне откако одигра само 1:1 со Парагвај во средата, откако во првиот меч загубија од Колумбија со 2:0. Дури и со победа против Катар во недела, Аргентина може да не обезбеди пласман, бидејќи две репрезентации одат директно, а можен е пласман и со третото место.

„Сите во тимот сме сигурни дека можеме да победиме во следниот меч. Мораме да бидеме подобри бидејќи е малку фрустрирачки што не стигнавме до победа. Знаевме дека ќе биде тешко, но се најдовме во ваква ситуација бидејќи не знаевме како да победиме. Ќе играме за нашите животи и би било навистина лудо да не одиме понатаму, кога речиси сигурно три тима одат од секоја група“, вели Меси.

Ново фијаско на Аргентина – Меси спасуваше реми против Парагвај (видео)

Scroll to Top