Top Sport

Милион луѓе ги пречекаа шампионите во Париз (Видео)

Ден по освојувањето на светската титула, фудбалерите на Франција слетаа на аеродромот „Шарл Де Гол“, во Париз. Први од авионот со победничкиот пехар излегоа капитенот Иго Љорис и селекторот Дидие Дешам.

foto: epa

Со панорамски автобус, фудбалерите се упатија кон авенијата Шанзелизе, каде се пречекани од илјадници фанови.

foto: epa

Новите светски шампиони се пречекани од еден милион луѓе.

Репрезентативците потоа ќе бидат примени од претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Бижит.

Францускиот претседател на секој играч ќе го одликува со „Легијата на честа’. Интересно, селекторот Дешам веќе го има добиено ова одликување, во 1998 година кога беше капитен на репрезентацијата.

Потоа за нив ќе биде организиран свечен прием во Елисејската палата.На приемот се поканети околу 3.000 гости, меѓу кои и многу млади фудбалери од фудбалските школи кои создаваат светски шампиони, каков што е клубот „Бонди“, каде започнал да тренира Килијан Мбапе.

На приемот гостите ќе ги анимира артистот Сејк, голем навивач на француската репрезентација, кој ќе настапи бесплатно.

Франција, вчера, ја освои втората светска титула во својата историја. Во финалето на 21.Светско првенство, Франција ја победи Хрватска со 4:2.

Scroll to Top