Top Sport

Морати: Берлускони ќе направи револуција со Монца

Поранешниот сопственик на Милан и екситалијански премиер, Силвио Берлускони ќе направи револуција во Монца, ако го преземе третолигашот, вели неговиот долгогодишен ривал, експретседател на Интер, Масимо Морати.

Италијанските медиуми очекуваат Берлускони заедно со својата „десна рака“ Адријано Галијани да го преземе 106 години стариот клуб Монца, кој никогаш не играл во Серија А, а Морати открива дека и тој бил блиску да го купи Бари, пред тој да заврши во рацете на Аурелио де Лаурентис од Наполи.

„Има само едно објаснување, и тоа се вика страст. Се работи за убава иницијатива, која може да донесе до будење за Брианца, Серија Ц и целиот италијански фудбал. Ќе видите што ќе се случи – ќе го подобрат стадионот, ќе го засилат тимот, а Галијани има огромно знаење за градот и за историјата. Пред некое време и мене ми го понудија Бари, и неколку дена размислувавме за тоа со својот син. На крајот тоа не се случи, но сигурен сум дека и јас ќе потрошев многу пари таму“, вели Морати за „Ил џорнале“.

Морати и Берлускони беа долгогодишни шефови на најсилните клубови од Милано, пред да ги продадат на кинески инвеститори.

Scroll to Top