Top Sport

Морган: Мажите се фаќаат за мадиња, а ви пречи моето пиење чај?

Американската фудбалерка Алекс Морган „удри“ по критичарите на нејзината прослава на голот против Англија во полуфиналето на Светското првенство, велејќи дека има двојни стандарди кога се работи за женскиот фудбал.

Морган го прослави победничкиот гол за 2:1 триумф со глумење на пиење чај, што кај дел од англиските медиуми реакцијата беше бурна.

Иронично, Морган вели дека инспирацијата ја добила од англиската актерка, Софи Тарнер, попозната како Санса од „Игра на тронови“, која на Инстаграм своите коментари ги завршува со фразата: „И тоа е чајот“ по што пие чај од чаша.

„Мислам дека има двојни стандарди кога се работи за жените во спортот. Треба да бидеме скромни во нашите успеси и да прославуваме, но не премногу. Во исто време мажите на сите големи турнири слават со фаќање за мадињата. И кога јас ќе се напијам чај, тогаш јас сум критикувана“, вели Морган.

САД во недела играат со Холандија во финалето на СП во Франција.

Англичаните навредени од прославата на голот на Американката Морган

Scroll to Top