Top Sport

Нејмар ги договорил условите со Барселона

Барселона го договориле враќањето на Нејмар, останале само да се дефинираат уште неколку детали објави денес најтиражниот медиум во Каталонија „Спорт“. Нејмар се согласил да ја повлече тужбата против Барселона со што биле отстранети сите пречки за реализација на трансферот.

ПСЖ би го пуштиле Бразилецот за сума од 200 милиони евра. Барселона се подготвени на договор, но не сакаат да ја платата целата сума. Според „Спорт“, Барса го нудат Фелипе Кутињо и 100 милиони евра.

Според истиот извор, Реал би платитле 130 милиони евра и ги нудат Герет Бејл или Џејмс Родригез.

Но Нејмар немал намера да оди во Реал, туку сакал да се врати во Барселона. Тој дури се согласил и да има помала плата од онаа што ја заработува во Париз (36 милиони евра годишно).

Нејмар се наоѓа во Бразил каде се одржува Копа Америка. Првенството на Јужна Америка тој го пропушта поради повреда.

Scroll to Top