Top Sport

Немања Илиќ е најново засилување за „романтичарите“

Српскиот интернационалец Немања Илиќ е најновото засилување за ФК Работнички за сезоната 2019/2020.

26-годишниот Илиќ, кој игра на позицијата централен дефанзивец, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“, во желбата за дополнително засилување на последната одбранбена линија.

Илиќ претходно во својата кариера има настапи за ФК Челарево и ФК Бачка во српските шампионати.

Илиќ е деветтото засилување за „романтичарите“ во пресрет на новата сезона. Претходно договори со Роботнички потпишаа Бошко Паповиќ, Драган Стојков, Марко Клисура, Димитар Тодоровски, Димитар Велкоски, Иван Марковиќ и Борјан Пановски, додека првиот професионален договор со Работнички го потпиша Давид Тошевски кој доаѓа од младинскиот погон на клубот.

фото/fkrabotnicki.com

Scroll to Top