Top Sport

Нов договор и повисока плата за Саул Нигез

Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез, наскоро ќе потише нов договор со Атлетико Мадрид.

Челниците на клубот од „Ванда Метрополитано“ сакат да го задржат Саул, откако во медиумите се појавија шпекулации дека за него интерес постои во Манчестер, кај двата тима Јунајтед и Сити.

Инаку, Саул има договор со Атлетико до 2026 година, а откупната клаузула изнесува 150 милиони евра.

Наводно Атлетико на својот фудбалер ќе му ја зголеми платата. Според новиот договор Саул годишно ќе заработува околу 10 милиони евра.

Атлетико претходно слично постапија и со голманот Јан Облак. Тој го продолжи договорот и во наредните четири сезони ќе заработува по 10 милиони евра.

Саул Нигез е продукт на младинскиот погон на Атлетико, за првиот тим дебитирал во 2014 година.

Scroll to Top