Top Sport

Од Атлетико потврдија – Гризман оди во Барселона

И покрај тоа што некои се сомневаа дека договорот е под закана, Антоан Гризман речиси сигурно е нов фудбалер на Барселона, барем така вели извршниот директор на Атлетико, Анхел Хил Марин.

Во изјава за шпанскиот „Спорт“, Хил Марин вели дека во клубот одамна знаат дека Французинот има непишан договор со Барселона.

„Секако, јасно ни е каде ќе игра Антоан Гризман следната сезона. Го знаеме тоа од март, дека тој оди во Барселона“, изјави Хил Марин.

Според шпанските медиуми, Гризман одамна има постигнато договор со Барселона и покрај денешните изјави дека не знае дали ќе остане во Шпанија, но дека се чека 1 јули и официјалниот старт на преодниот рок поради почитувањето на финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Scroll to Top