Top Sport

Одбиена жалбата на Бока, Суперкласико ќе се игра в недела

КОНМЕБОЛ, фудбалската федерација на Јужна Америка, ја одбиле жалбата на Бока Јуниорс, со што е отстранета последната пречка финалниот-реванш во Копа Либертадорес да биде одигран в недела, во Мадрид.

Од Бока Јуниорс бараа мечот да несе игра, туку да биде регистриран со службен резултат и КОНМЕБОЛ да им ја врачи титулата.

КОНМЕБОЛ наложи натпреварот да се одигра, а формално домаќин ќе биде Ривер Плата. Првиот финален меч во Копа Либертадорес, одигран на теренот на Бока Јуниорс заврши без победник 2:2.

Реваншот, на 11.ноември, не се одигра бидејќи хулиганите на Ривер го нападнаа со камења и солзавец клупскиот автобус на Бока Јуниорс.

Поради инцидентите, КОНМЕБОЛ, реши да го суспендира на два натпревари стадионот на Ривер Плата, а клубот го казни парично со 400.000 долари.

Scroll to Top