Top Sport

Палота: Умирам од смеа од обвинувањата од УЕФА

Претседателот на Рома, Џејмс Палота вели дека „умира од смеа“ откако УЕФА го обвини за непримерно однесување кон судиите, поради коментарите кои ги даде по мечот Рома-Ливерпул.

Американецот со италијанско потекло го нарече судењето во реваншот од полуфиналето од ЛШ  „вистинска шега“, по што УЕФА во петокот потврди дека ќе има дисциплинска истрага против него.

„Изненаден сум што решија уште да ме дисциплинираат. За мене, нивното однесување е непримерно. Што мислам друго? Умирам од смеење. Властите, Италијанскиот олимписки комитет и Рома гарантираа професионализам каков што не сум видел досега. Треба да се гордееме со нашите фанови и нашиот град“, вели Палота.

Рома стигнад до 4:2 победа над Ливерпуил на „Олимпико“ во средата, но загубија со 7:6. Палота, какои повеќето навивачи на Рома, сметаа дека се оштетени за два пенали за стартовите над Един Џеко и Патрик Шик.

„Да имаше ВАР во Лигата на шампионите вакви работи немаше да поминуваат. Засрамувачки е што губиме поради вакви работи. Честитки до Ливерпул, тие се голем тим, но ако немаме ВАР во Лигата на шампионите, ќе се случуваат вакви глупости“, вели Палота.

Фото: ЕПА

Скомина знае дека ја оштетил Рома

Scroll to Top