Top Sport

Пато се врати во Бразил, ќе игра за Сао Паоло

Своевремено еден од најталентираните напаѓачи во светот, Бразилецот Александре Пато (29) се врати во родната земја и ќе го носи дресот на Сао Паоло, објавија од клубот.

Фудбалерот потпишал договор до 2022 година, а доаѓа како слободен играч откако му истече договорот во кинески Тјанџин Кавнжу.

Пато дресот на Сао Паоло го носеше во 2014 и 2015 година кога беше на позајмица од Коринтијанс, по што се врати во Европа и беше дел од екипите на Челси и Волјареал.

Пато европската афирмација ја имаше во Милан каде дојде како тинејџер за тогаш астрономски 24 милиони евра, но поради честите повреди не можеше во целост да ги покаже квалитетите.

За „Кариоките“ одгра 27 натпревари и постигна 10 гола.

Scroll to Top