Top Sport

Планот на Емери против Сити бил едноставен – не ја вадете тревата!

Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери се обидел неуспешно да го сопре тимот на Манчестер сити и Пеп Гвардиола со една мерка пред првиот меч од сезоната – со оставање на сув терен на „Етихад“.

Одговорниот за теренот на Сити, Ли Џексон за „Дејли мирор“ открива дека Емери им соопштил на луѓето одговорни за теренот да не ставаат вода на теренот и покрај тоа што на 12 август температурите биле околу 30 степени во Лондон. Сити на крајот победија со 0:2.

„По 20 години со ист тренер, тие решија да направат промени и не тураа вода на полувреме и пред натпреварот. Тоа е многу необично, но на крајот не направи ништо. И така нивниот терен е најлошиот во Премиер лигата“, вели Џексон.

Scroll to Top