Top Sport

Премиерлигашите во трка за рускиот талент Чалов

Ливерпул се приклучија на Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал и Тотенхем во „ловот“ на рускиот напаѓач на ЦСКА Москва, Фјодор Чалов, кому му предвидуваат голема иднина.

ЦСКА веќе го цени Чалов на околу 20 милиони фунти, јавува „Дејли мирор“, откако Русинот е кај „армејците“ од својата осма година. Чалов беше најдобар стрелец во првата руска лига со 15 гола, а додаде и 7 асистенции, а беше и стрелец против Арсенал во четврт-финалето од Лига Европа пред две години.

Тој има договор до 2022 година, но повеќе европски клубови се заинтересирани да го откупат, вклучувајќи ги и Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Scroll to Top