Top Sport

Рајо ги одбиле понудите на Еспањол и Севилја за Димитиревски

Рајо Валјекано изминатите денови одбиле две понуди за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитиревски. „Марка“ пишува дека интерес за голманот покажале Еспањол и Севилја.

Рајо Валјекано минатата сезона не успеа да го сочува прволигашкиот статус, поради што неколку играчи побарале да го напуштат клубот. Димитриевски посакува трансфер, бидејќи клубот ќе игра Втора лига, а и тој во последните месеци од сезоната го загуби местото во првиот тим од искусниот Алберто.

Клубот нема ништо против Димитриевски, а според „Марка“, трансфер ќе му биде овозможен само доколку некој ја плати откупната клаузула која изнесува шест милиони евра.

Претседателот на клубот прво ја одбил понудата од 4,5 милиони евра што ја испратиле од Еспањол, а потоа и понудата од Севилја.

Спортскиот директор на Севилја, Мончи, кој досега на засилувања потроши 115 милиони евра, понудил за Димитиревски 2,5 милиони евра.

Инаку, Еспањол и минатото лето се интересираа за Димитриевски, а во јануари годинава не успешни обиди за трансфер имаше и Валенсија.

Scroll to Top