Top Sport

Рајола: Не сакам Погба талентот да си го троши во Манчестер Јунајтед

Мино Рајола, менаџерот на Пол Погба е вистински мајстор да режира трансфер сага. Тоа го нарави пред три години кога го стави Јувентус пред свршен чин за да им го продадат Погба на Манлестер Јунајтед, а сега истото му им го подготвува на „црвените ѓаволи“. како можи дестинации на францускиот репрезентативец се споменуваат Реал и Јувентус.

Рајола е менаџер со кого клубовите не сакаат да си имаат работа. Познат е како човек кој земе големи провизии, како што тоа беше случај пред три години кога инкасирал околу 20 милиони евра само што успеал да го однесе Погба во Јунајтед.

Сега тој работи против „црвените ѓаволи“. беден е дека неговиот клиент треба да го напушти „Олд Трафорд“.

„Искрено јас и Пол се согласуваме дека Манчестер Јунајтед не испадна она што го очекувавме и што мисливме дека ќе биде. Тие стагнираат, а јас не сакам најдобрите години на Погба залудно да бидат потрошени на „Олд Трафорд“. Тој сигурно заслужува нешто многу подобро“, рекол Рајола.

Погба во Јунајтед се пресели за сума од 105 милиони евра во 2016 година. Досега тој има одиграно 135 натпревари и постигнал 31 гол.

Манчестер Јунајтед не се противат на евентуалниот трансфер на Погба но само во случај заинтересираниот клубда плати 180 милиони евра.

Scroll to Top