Top Sport

Рамос ги следи трендовите, ова е пеперутка или орел? (Видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Серхио Рамос, предизвика полемики во медиумите и на социјалните мрежи, со прославата на голот што го постигна синоќа на натпреварот против Хрватска (6:0) во лигата на Нации.

Јавноста се прашува дали Рамос, како Шаќири и Џака на Светското првенство или Мустафи неодамна во Премиер лигата, ја симболизираше ткн. „Голема Албанија“ или сакаше да претстави пеперутка.

Некои српски медиуми го критикуваа Рамос, поради „поддршката што им ја пружил на АЛбанците од Швајцарија“, кои на Сп во Русија постигнаа два гола против Србија.

Сепак, Шпанците тврдат дека капитенот на националниот тим додека го прославувал петтиот гол „правел пеперутка“.
Полемики ќе има и мислењата ќе бидат различно, но јасно е дека ваквиот начин на прославување на гол е популарен меѓу фудбалерите, во минатото на сличен начин славеше Никола Ањелка, а неодамна тоа го направи и Белгиецот Аксел Витсел од Борусија Дортмунд.

Рамос, против Хрватска го одигра 157.натпревар за Шпанија и го постигна 14.гол.

Scroll to Top