Top Sport

Сампдорија му дава шанса на Тоти

Италијанските медиуми тврдат дека Сампдорија му понудиле на Франческо Тоти директорска позиција по неговата одлука да си замине од Рома со бурна прес-конференција, но и Фиорентина би го сакале поранешниот капитен на „волчицата“.

Тоти доби понуда да стане технички директор на Рома, но откако ја одби влезе во остар напад на клубот, велејќи дека консултантот Франко Балдини и претседателот Џејмс Палота го игнорирале последните две години.

„Нема да останам невработен. Добив понуди од неколку италијански клубови и ќе размислам што ќе правам понатаму. Јуве или Наполи? Да не се глупираме од почит кон Рома, не би го направил тоа. Но, ФИФА, УЕФА, имам опции“, изјави вчера Тоти.

Според „Скај спорт Италија“ и „Ла газета дело спорт“ најсериозната понуда е од Сампдорија, каде што претседател е Масимо Фереро, инаку страствен навивач на Рома. Таму е упатен, според шпекулациите, и неговиот поранешен соиграч и тренер, Еузебио ди Франческо, кој според медиумите ќе потпише двегодишен договор.

Сепак, постои можност Тоти да заврши и во Фиорентина, каде што би работел со својот поранешен соиграч, Винченцо Монтела и поранешниот директор на Рома, Даниеле Праде.

Scroll to Top