Top Sport

Сари подготвил метла

Маурицио Сари планирал во Јувентус да работи со 23 фудбалери, што значи дека „старата дама“ ќе треба да продаде неколку фудбалери за да ја добие според тренерот оптималната бројка.

Сари има намера работата да ја заврши пред тимот да замине на подготовки во Азија. Реално е Јувентус, до заминувањето на подготовките, да го заврши трансферот на Матијас Де Лихт. Доколку тоа се случи Сари ќе има 27 фудбалери, премногу за неговите стандарди.

Прв играч што треба да го напушти клубот е десниот бек Жоао Кансело, Манчестер сити и Баерн Минхен покажуваат интерес, но не сакаат да платат 60 милиони евра за него.

Сами Кедира е пред трансфер во Фенербахче, откако на неговата позиција пристигнаа Арон Ремси и Адријен Рабио. Откако во клубот се врати Џиџи Буфон, вишок стана и голманот Матија Перин.

Клубот би требало да го напушти и Хуан Квадрадо, се шпекулира дека тој би можел да прифати некој понуда од Кина.

Јувентус ќе се обидат да се ослободат и од услугите на Гонзало Игуаин, а пред заминување е и Марио Манџукиќ. Доколку заминат двајцата Јувентус ќе можат да го донесат Мауро Икарди.

Доаѓањето на Де Лихт веројатно на трансфер листата ќе го стави Леонардо Бонучи, а во случај на некоја добра понуда можено е и заминувањето на Блез Матуиди.

Scroll to Top