Top Sport

Се откажаа од Ловрен, Милан тргнаа по Настасиќ

Повремениот репрезентативец на Србија, Матија Настасиќ, летово би може да се пресели од Бундес лигата во Серија А, објавија италијанските медиуми.

„Спорт Италија“ пишува дека Милан го намалил интересот за Дејан Ловрен, поради неговата цена и дека сега на радарот е дефанзивецот на Шалке, Настасиќ.

Шалке во 2015 година го купија Настасиќ од Манчестер сити за 9,5 милиони евра, во кариерата тој има настапувано и во Серија А (Фиорентина сезона 2011/2012).

Она што ги привлече челниците на Милан е фактот дека Настасиќ има 26 години, односно четири години е помлад од Ловрен и е поевтина варијанта од Хрватот. Според „Трансфермаркт“, Настасиќ вреди 18 милиони евра, додека цената на Ловрен е 25 милиони евра.

Scroll to Top