Top Sport

Шампионите си одат дома, Игало го сруши Камерун (Видео)

Африка ќе добие нов шампион во фудбал, откако денес во натпревар полн со пресврти Нигерија со 3:2 го победи Камерун. На дуелот одигран во Александрија, предност на полувремето имаше Камерун, но на конечен триумф се радуваа Нигеријците.

Првиот гол го постигна најдобриот играч на натпреварот, напаѓачот на Нигерија Игало во 19 минута.

Во финишот на првиот дел, блиц-криг на Камерунците, кои за три минути направија пресврт. Во 41 минута израмни Бахокен, а три минути подоцна Онана беше совладан и од Нџие.

Молскавичен пресврт, кој на крајот им донесе победа, Нигеријците направија во второто полувреме. Најпрвин Игало со својот втор гол израмни во 63 минута, а две минути подоцна тој му асистираше на Ивоби кој ги поставии конечните 3:2.

Шампионите Камерун си одат дома, а Нигерија во четврт-финалето ќе игра против домаќинот Египет или Јужна Африка.

Scroll to Top