Top Sport

Шкотскиот фудбалер Камингс си го уништи сопствениот стан (видео)

Поранешниот напаѓач на Глазгов Ренџерс и Хибернијанс, Џејсон Камингс стана „ѕвезда“ на Интернет откако се појави видео на кое тој го уништува сопствениот стан.

На видеото, фудбалерот на англискиот Питерборо јунајтед (каде што игра како позајмен играч од Нотингем форест), се гледа како фрла различни домашни објекти, вклучувајќи и ТВ, во својот стан. Причината за ова бизарно однесување е непознато.

Камингс имаше добар старт на сезоната во третата лига со Питерборо и беше прогласен за играч на месецот август по постигнувањето на шест гола.  Неговиот клуб е на првото место во Лига 1 со 6 победи и едно реми.

Scroll to Top