Top Sport

Шкринијар се потсмева со Јуве: Никогаш нема да освоите Лига на шампиони (видео)

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар годишниот одмор во Дубаи го искористи да ги „провоцира“ ривалите од Јувентус, потсмевајќи се си нивниот неуспех во Лигата на шампионите.

На видеото, се гледа 24-годишниот Словак како пее: „Никогаш нема да ја освојувате Лигата на шампионите“ заедно со неколку свои пријaтели.

Интер останува последниот тим кој го освои трофејот од Лигата на шампиони во 2010 година под водство на Жозе Мурињо и со нашиот Горан Пандев во тимот, додека Јувентус последен пат триумфирал во Европа од 1996. Оттогаш, Јувентус има загубено пет финалиња – од Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Милан, Барселона и Реал Мадрид.

Scroll to Top