Top Sport

Спалети има импресивна колекција на дресови

Лучано Спалети успеа со Интер да избори пласман во Лигата на шампионите, а според медиумите мечот со Емполи, во неделата, бил последен за него на клупата на великанот од „Џузепе Меаца“.

Антонио Конте треба да го наследи Спалети на клупата на Интер. Отказот Спалети ќе го наплати со сума од 25 милиони евра.

И додека медиумите се занимаваат со неговата иднина, Спалети се огласи на „Инстаграм“. Со една фотографија тој ја открива импресивната колекција на дресови што ја собира низ целата своја кариера.

Во колекцијата тренерот има дресови од поранешни и се уште актуелни фудбалери. Забележливи се дресовите на Тоти, Меси, Кристијано Роналдо, Батистута, Хамшик, Кавани, Инсиње, Ибрахимовиќ, Риалдо, Руни, Ди Натале, Роналдињо, Крос, Виера, Кулибали, Џилардино, Пато. Интересно ги има и дресовите од сите играчи од оваа генерација на Интер, со која избори пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top