Top Sport

Стојков е нов играч на Работнички

Работнички го ангажираше фудбалерот за врска Драган Стојков. Тој потпиша едногодишен договор со клубот и доаѓа од редовите на второлигашот Беласица.

Драган Стојков (31) има богато интернационално искуство, има настапувано за грчките клубови Егалео и Илисијакос, српските тимови Јагодина и Напредак Крушевац, а голем дел од кариерата помина и во Соединетите Американски Држави, каде беше член на ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.

Минатата сезона Драган Стојков имаше 29 настапи во дресот на Беласица. Во струмичкиот тим тој и ја почна кариерата.

Стојков е седмото засилување за Работнички во пресрет на новата сезона. Претходно договори со клубот потпишаа Марко Клисура, Димитар Тодоровски, Димитар Велкоски, Иван Марковиќ и Борјан Пановски, додека првиот професионален договор со Работнички го потпиша Давид Тошевски кој доаѓа од младинскиот погон на клубот.

фото/fkrabotnicki.com

Scroll to Top