Top Sport

УЕФА ја објави листата на најдобрите, европскиот првак не е број 1

Европската куќа на фудбалот, УЕФА ја објави листата на најдобри клубови во сезоната 2018/2019, а помалку неочекувано на местото број 1 не се наоѓа Ливерпул, освојувачот на Лигата на шампиони.

Барселона се најде на првата позиција, па на втората позиција е Челси (освојувачот на Лига Европа), па дури на третото место се наоѓа Ливерпул.

Ајакс стигна до четвртата позиција, а петти, според УЕФА, е финалистот во ЛЕ, лондонски Арсенал.

Од петтата до десеттата позиција се најдоа екипите на Тотенхем, Манчестер Сити, Ајнтрахт Франкфурт, Порто и Валенсија.

Дури по најдобрата 10-ка се најдоа имињата на Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Наполи, Рома, Бенфика, токму по овој редослед.
https://www.uefa.com/memberassociations/uefarankings/club/seasonclub/

Scroll to Top