Top Sport

УЕФА: Рекордни 14 милиони апликации за билети за Евро 2020

Фановите побарале повеќе од 14 милиони билети за Европското првенство во фудбал во 2020 година во првите три недели од продажбата, рушејќи го рекордот за регистрирање, објави УЕФА.

Во едномесечната прва фаза на продажба на билети која започна на 12 јуни, беа понудени 1.5 милиони билети според новата политика на УЕФА за „фановите на прво место“. Евро 2020, кое ќе се оддржи од 12 јуни до 12 јули се игра во 12 градови низ цела Европа за одбележување на 60-годишнината од натпреварувањето.

УЕФА објави дека најголем интерес има кај фановите во Санкт Петерсбург, Лондон и Будимпешта, бидејќи повеќе од 50 отсто од билетите се побарани од навивачите на овие нации. За финалето на „Вембли“ имало 1.3 милиони барања за билети, додека двете полуфиналиња на истиот стадион добиле комбинирани 1.5 милиони апликации.

Scroll to Top