Top Sport

Винисиус: Би било сон Реал да потпишат со Нејмар и Мбапе

Винисиус Жуниор вели дека би му се остварил сонот ако Реал Мадрид успее да ја донесе двојката од Пари Сен-Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Двајцата најскапи фудбалери на светот се поврзувани со трансфери од францускиот шампион, кој засега изгледа далеку од главната цел, освојувањето на Лигата на шампионите. Нејмар според последните вести е очаен за враќање во Шпанија, додека Мбапе неодамна изјави дека „можеби е време за поинаков проект“.

„Секако дека Нејмар може да дојде во Реал, но во моментов не знам што ќе се случи. Би било подобро да дојде во Реал, бидејќи сакам да играм  со него и со Килијан Мбапе, бидејќи сите навивачи сонуваат за таков тим. Не се работи само за навивачите на Мадрид, туку и на сите други“, вели Винисиус во интервју за „Телефут“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез повторно гради „галактико-тим“, откако потроши над 300 милиони евра да ги донесе во клубот Еден Азар и Лука Јовиќ меѓу другите.

Scroll to Top