Top Sport

Зидан: Изјавата за Бејл новнарите лоши ја интерпретираа

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, пред новинарите во Вашингтон се обиде да се извади за изјавата во врска со иднината на Герет Бејл. Во неделата, тој рекол дека за Бејл клубот работи на неговиот трансфер, бидејќи нема да игра. Менаџерот на Бејл порачал дека Зидан треба да се засрами од својата изјава.

Зизу се обидува сега да ја спушти топката и тврди дека новинарите лошо ја интерпретирале неговата изјава.

„Понекогаш мојот шпански е многу сомнителен“, рекол Зидан и дополнил дека никогаш кон никого, а особено кон фудбалерите не изразил непочитување.

„Играчите се најважни, јас секогаш ќе ги поддржувам“. рекол тренерот на Реал и потоа открил дека тој нема ништо против Бејл.

„Реков дека клубот сака да го продаде. И она што е најважно, Герет не играше бидејќи не сакаше. Тој е играч на Реал“.

Герет Бејл (30) во Реал пристигна од Тотенхем во 2013 во тогаш рекорден трансфер од 100 милиони евра.

Зидан: Ништо лично, ама Бејл мора да си оди

„Бејл ќе замине кога тоа ќе биде во негов интерес“

Scroll to Top