Top Sport

Зидан: Ништо лично, ама Бејл мора да си оди

Герет Бејл се наоѓа со Реал на подготовките во САД, но не беше во протоколот за мечот со Баерн Минхен, во Хјустон. По натпреварот тренерот Зинедин Зидан прв пат јавно кажа дека за Велшанецот нема место во Реал и дека најдобро за него ќе биде да си најде нов клуб.

„Бејл не беше во конкуренција бидејќи работиме на неговото заминување од клубот“, рекол Зидан.

На прашањето кога би можел да се случи трансферот, Зидан рекол: „Кога би можел да замине утре, тоа би било најдобро“.

„Немам ништо против него, јас само носам одлуки. Ова е момент кога треба нешто да се менува. Заминувањето е одлука на тренерот, но и на играчот кој знае каква е ситуацијата“, заклучил Зидан.

Scroll to Top