Top Sport

Де Коло сака повторно да се обиде во НБА

Французинот Нандо де Коло сака повторно да се обиде во НБА лигата, откако последните пет сезони играше во Евролигата со рускиот клуб, ЦСКА Москва, јавува „ЕСПН“.

Де Коло играше за Сан Антонио спарс во 2012/13, пред следната сезона да ја „подели“ меѓу Спарси и Торонто репторс, откако во 2009 година беше драфтуван како втор пик од Спарси. 31-годишниот Французин, имаше просек од 3.8 поени и 1.7 асистенции во 119 НБА натпревари со 11.9 минути по натпревар. Од друга страна, во Евролигата, тој освои две титули со „Армејците“.

Де Коло може да привлече голем интерес од НБА тимовите поради неговиот просек од 45 отсто во обидо од тројка. Репторс уште ги имаат правата на него во НБА.

Scroll to Top