Top Sport

Џикиќ ќе го предводи Естудијантес

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ, во новата сезона ќе работи во шпанската Ендеса лига. Џикиќ договорил соработка со 16. пласираниот тим од минатата сезона, Естудијантес.

Џикиќ кој во периодот 2014-2015 година беше селектор на Македонија и избори пласман на ЕП во 2015 година, беше без работа од декември минатата година кога доби отказ во Будуќност од Подгорица.

48 годишниот тренер има огромно искуство како тренер на Олимпија, Крка, Лијетувас Ритас, Партизан и Будуќност.

Со екипата од Црна Гора оствари историски успех кога ја освои титулата во АБА-лигата.

Scroll to Top