Top Sport

Ердоган забрани преноси во Турција од финалето на Западот во НБА

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган забрани да се пренесува во неговата земја финалната серија во Западната конференција во НБА лигата меѓу тимовите на Голден Стејт и Портланд Трејлблејзерс. Причина за тоа е играчот на Блејзерси, Турчинот Енес Кантер.

Како што пренесува каналот „ЕСПН“ дури и ако Портланд обезбеди место во големото НБА финале, пренос во Турција нема да има.

Кошаркарот е долгогодишен критичар на турскиот претседател, а тој е означен и како член на терористичката група која го организираше пучот во Турција во 2016 година.

Енес Кантер во мај 2017 година беше задржан во Романија затоа што Турција му го суспендирала пасошот, но тој се врати во САД благодарение на ургенциите од некои од американските моќници.

Scroll to Top