Top Sport

Евролигата ќе воведе „данок на луксуз“

Челниците на кошаркарската Евролига соопштија дека од сезоната 2022/2023, по примерот на НБА-лигата, ќе биде воведен „данок на луксуз“. На овој начин Евролигата сака што е можно повеќе да ѝ се доближи на најсилната кошаркарска лига во светот. „Данокот на луксуз“ ќе плаќаат клубовите што ќе потрошат повеќе пари од дозволеното.

Сопствениците на клубовите ќе можат да го зголемат буџето за 40 отсто, а тоа ќе треба да го покријат од сопствениот џеб. На пример, клубот ќе може да има буџет од 14 милиони евра само доколку приходите се најмалку 10 милиони.

Секој клуб што ќе потроши повеќе од дозволеното ќе мора да плати пенали, односно ќе плати „данок на луксуз“.

Парите што Евролигата ќе ги собере од „данокот на луксуз“ ќе им биде поделен на тимовите што работеле во границите на дозволеното.

Scroll to Top