Top Sport

Француски кошаркар пред суспензија, се обложил против својот тим!

Францускиот кошаркар, Алфа Каба (23) е дел од група кошаркари против кои се води истрага за нелегално обложување, пишува реномираниот „Л’кип“.

Информациите од Франција се дека неколку кошаркари се обложиле на пораз на својот тим поради што ќе се најдат пред Дисциплинска комисија.

Се уште не е обелоденето за кој натпревар се работи, но Каба, кој во минатото (од 2015 до 2017 година) го носеше и дресот на Мега во Србија и во АБА лигата, сега е актуелен кошаркар на тимот на Асвел.

Правилата во Франција најстрого забрануваат кошаркарите да се обложуваат во лигата. Доколку се докаже прекршување на правилата, суспензијата би била многу долга.

Scroll to Top