Top Sport

Казинс ќе игра за ЛА Лејкерс

Демаркус Казинс, доскорешниот центар на Голден стејт Вориорс, наредната сезона ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс.

Казинс во Лејкерсс пристигна како слободен играч, а со оваа франѓиза потпиша едно годишен договор.

Новинарот Адријан Војнаровски тврди дека на новиот ангажамн на Казинс се чекало шест дена бидејќи тимовите не покажувале интерес за него.

Најголем дел од минатата сезона Казинс ја пропушти поради повредата на Ахиловата тетива.

Во Лејкерс повторно ќе игра заедно со Ентони Дејвис, со кого беше партнер две години во Њу Орлеанс Пеликанс.

Scroll to Top