Top Sport

Кузмиќ се разбудил од кома

Кошаркарот на Црвена ѕвезда Огњен Кузмиќ попладнево се разбудил од кома, објави неговиот клуб.

„Огњен се чувствува добро, позитивно реагира на сите терапии, а лекарскиот тим од Ургентинот центар е задоволен од фактот дека се повлекуваат контузионите промени на белите дробови, предизвикани од сообраќајната несреќа“, стои во клупското соопштение.

Кошаркарот ќе продолжи со лекувањето кое според лекарите се движело во „позитивна насока“.

За играчот на српската репрезентација проговорил и селекторот Александар Ѓорѓевиќ кој денес го собра тимот и ги започна подготовките за Светскот првенство во Кина.

„Му посакуваме што поскоро да закрепне и да му се приклучи на својот тим“, рекол Ѓорѓевиќ.

Кузмиќ успешно опериран

Scroll to Top