Top Sport

Марко Гудуриќ оди во Мемфис Гризлис

Кошаркарот на Фенербахче и репрезентативец на Србија, Марко Гудуриќ, летово веројатно ќе се пресели во НБА лигата. Американските медиуми пишуваат дека Гудуриќ кариерата ќе ја продолжи во Мемфис Гризлис.

Гудуриќ во Фенербахче игра на позициите 2 и 3, во Евролигата имаше 47 отсто реализација на ударите за три поени. Мемфис се наоѓаат во фаза на реорганизација на тимот и Гудуриќ таму би можел да го најде своето „место под сонцето“.

Доколку најавите се остварат Гудуриќ ќе биде уште еден играч кој од Фенербахче изминатите години се пресели во НБА лигата.

Соиграчот на Гудуриќ, Николо Мели кариерата ќе ја продолжи во Њу Орлеанс Пеликанс, а претходно Бојан Богдановиќ заврши во Бруклин Нетс, сега е играч на јута Џез, Немања Бјелица во НБА пристигна во Минесота, сега е во Сакраменто каде од лани пред две години игра Богдан Богдановиќ, а МВП на финалето во Евролигата во 2018 година, Екпе Јудо е кошаркар на Јута.

Scroll to Top