Top Sport

Питино заминува од Панатинаикос, се враќа во САД

Рик Питино си заминува од Панатинаикос, откако на „зелените“ им ја донесе грчката титула, призна американскиот тренер во интервју за „ЕСПН“.

66-годишниот Питино ја одбил понудата да остане како претседател и главен тренер на тимот, во обид да најде работа во НБА, или како тренер или како своетник. Питино, кој беше отпуштен од Универзитетот во Луивил по истрагата на ФБИ за ангажирање на колеџ-кошаркари, има 770 победи во колеџ-натпреварите во САД, освојувајќи две НЦАА титули.

„Сакам да бидам дел од организацијата и да развивам млади кошаркари. Тоа ми недостасува многу. Ја студирам НБА и ако се отвори таква позиција, секако сум заинтересиран“, изјави Питино.

Питино беше тренер и во НБА во својата кариера – работеше со Њујорк никс (1987-1989) и Бостон селтикс (1997-2001).

Scroll to Top