Top Sport

Попович ги избра 20-те кошаркари за мундијалскиот камп

Грег Попович ги објави имињата на 20-те кошаркари кои ќе бидат дел од тренинг кампот пред Светското првенство во Кина, листа на кои нема големи изненадувања.

20-те кошаркари ќе учествуваат на кампот од 5 до 9 август во Лас Вегас, по што ќе се објави конечниот список за Мундијалот, на кој ќе се најдат 12 имиња.

Во борба за место ќе бидат: Херисон Барнс (Сакраменто), Бредли Бил (Вашингтон), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Андре Драмонд (Детроит), Ерик Гордон (Хјустон), Џејмс Харден (Хјустон), Тобијас Херис (Филаделфија), Демијан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Кливленд), Кајл Лаури (Торонто), Си Џеј Меколам (Портланд), Крис Мидлтон (Милвоки), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Шарлот) , Кајл Кузма (Лос Анџелес Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Пол Милсеп (Денвер), Донован Мичел (Јута), Џејсон Тетјум (Бостон) и Пи Џеј Такер (Хјустон).

Од овој состав пет кошаркари веќе ја освојувале олимписката титула (Барнс, Дејвис, Харден, Лав и Лаури), додека Дејвис, Драмонд и Харден беа дел од тимот кој го освои светското првенство во 2014 година.

„Ние сме задоволни од изборот на кошаркари кои ќе не претставуваат на кампот пред СП. Сигурни сме дека ќе имаме силен тим“, изјави извршниот директор на американскиот тим, Џери Коланџело.

СП во Кина се оддржува од 31 август до 15 септември.

Scroll to Top