Top Sport

Правила што ги наметна Евролигата Шпанците не ги прифаќаат

Шпанската кошаркарска лига (АЦБ) изрази незадоволство од промените што Евролигата ќе ги воведе од сезоната 2020/2021. Од наведената сезона, во Евролигата сигурно место ќе имаат 11 екипи кои имаат „А“ лиценца, финалистите во Еврокупот, а лигата ќе доделува специјални покани, од кои една ќе биде резервирана за АБА-лигата.

Со промените што ги изгласа Евролигата, од сезоната 2020/2021 година загарантирано место меѓу елитата нема да имаат шампионите во националните првенства, меѓу кои е и Шпанија.

Ова значи дека доколку шампион на Шпанија не биде некој од тимовите што имаат „А“ лиценца (Барселона, Реал, Басконија) тогаш шампионот ќе мора да се надева дека ќе добие покана за учество во Евролигата.

АЦБ лигата издаде соопштение во кое се наведува:

– дека одбива да го прифати моделот претставен од Евролигата
– дека има потреба да створи спортски систем во кој екипите ќе се пласираат преку националните првенства во главните европски натпреварувања, како што тоа бил случај низ историјата на кошарката
– дека не го прифаќа новиот систем, во кој националните првенства се заменети со три специјални покани.

Scroll to Top