Top Sport

Томпсон ја продолжил соработката со Голден стејт

Клеј Томпсон го продолжил договорот со Голден стејт Вориорс, објави франшизата од Оукленд на социјалните мрежи. Според клупската политика не се објавени финансиските детали од овој договор.

Томпсон е еден од најдобрите шутери во НБА лигата и исклучително добар дефанзивен играч, минатата сезона ја завршил со просек од 21,5 поени, 3,8 скока и 2,4 асистенции по натпревар.

Во финалната серија против Торонто Репторс, во шестиот натпревар, тој ги скина лигаментите во десното колено. На почетокот на овој месец е опериран и се претпоставува дека на терените ќе се врати за седум месеци.

Кога станува збор за неговиот договор, американските медиуми пишуваат дека веројатно станува збор за пет годишен договор вреден 190 милиони долари.

Scroll to Top