Top Sport

Грција со силен состав на Мундобаскетот во Кина, ги предводи Адетокумбо

Селекторот на грчката кошаркарка репрезентација, Танасис Скуртопулос го објави прелиминарниот список на кошаркари на кои ќе смета за подготовките за Мундијалот кој на 31 август почнува во Кина.

На списокот се 18 играчи, предводени од НБА-ѕвездата Јанис Адетокумбо.

Од позвучните имиња во составот се Ник Калатес, Костас Слукас, Јоргос Принтезис и Костас Папаниколау.

Еве кои се останатите играчи кои ќе бидат дел од подготовките за Светското кошаркарско првенство:

Јанис Атинау, Танасис Адетокумбо, Костас Адетокумбо, Панајотис Василопулос, Антонис Кониарис, Јанулис Ларенцакис, Вангелис Мацарис, Динос Митоглу, Јанис Бурусис, Тајлер Дорси, Јоргос Папајанис, Јанис Папапетру и Христос Салустрос.

Грција е сместена во групата Ф на Мундијалот, заедно со селекциите на Бразил, Црна Гора и Нов Зеланд. Двете најдобри селекции поминуваат во следната фаза.

Scroll to Top