Top Sport

Хрватска со нова пенал-драма до големо полуфинале против Англија!

Хрватска вторпат едноподруго реши натпревар на пенали, откако со 4:3 ги елиминираше Русите по возбудливите 120 минути, во кои мечот заврши 2:2. „Коцкестите“ сега ќе се судрат во големото полуфинале против Англија.

Даниел Субашиќ го одбрани првиот пенал-обид на Смолов, по што Марио Фернандеш, „спасителот“ на Русија во продолжението целосно го утна голот, за потоа Модриќ, Вида и Ракитиќ да бидат сигурни за да обезбедат голема победа.

Ова е најголем успех на Хрватите на Светските првенства од 1998 година, кога на СП во Франција го загубија полуфиналето против Франција, но го добија мечот за третото место против репрезентацијата на Холандија.

За да биде најголем успех во историјата ќе мора да се поминат Англичаните, кои пак, го играат своето прво полуфинале од 1990 година и се сигурни дека „фудбалот се враќа дома“. Во второто полуфинале, исто така европско, Франција и Белгија, двете репрезентации кои покажаа најдобра игра досега ќе се судрат во соседска битка.

Пред пенал-серијата имаше многу драма – Хрватска на момент се виде во полуфиналето, откако Домагој Вида постигна гол во 101. минута од мечот, пред рускиот Бразилец, Марио Фернандеш да израмни на 2:2 во 115. минута од второто продолжение.

Лука Модриќ одлично го изведе корнерот, по што Вида беше највисок во скокот и постигна гол. Судијата го проверуваше голот преку ВАР-системот, но немаше ниту очигледен фаул, ниту офсајд ситуација.

Меѓутоа, Хрватите немаа сили да останат концентрирани до крајот на исцрпувачкиот меч, и по слободниот удар во 115. минута на Алан Ѕагоев, Марио Фернандеш беше оставен сам и лесно со глава го совлада Субашиќ.

ПЕНАЛ СЕРИЈА, РУСИЈА-ХРВАТСКА 3:4

Смолов Х, Брозовиќ О, Ѕагоев О, Ковачиќ Х, Фернандеш Х, Модриќ О, Игнашевич О, Вида О, Кузијаев О, Ракитиќ О.

Текот на првите 90 минути од мечот можете да го про.следите на линкот подолу.

Фото: ЕПА

Хрватска и Русија „претплатени“ на продолженија (а можеби и пенали)

Scroll to Top