Top Sport

Пресврт: Милан е фаворит за потписот на Де Роси!

Милан ова лето остана без Монтоливо, Бертолачи и Бакалоко, а од играчите од средниот ред тимот би можеле да го напуштат Кеси, Биља и Хозе Маури. На Росонерите им се потребни засилувања во средниот ред, па најновата мета на Милан е екс-капитенот на Рома, Даниеле де Роси.

Иако Де Роси имаше понуди од Бока Јуниорс и од САД, сепак сака да остане во Серија А. Управата на Рома му „забоде нож в грб“, па нема да има проблеми да заигра за друг клуб од Италија.

Покрај Милан, за него се заинтересирани и Фиорентина и Сампдорија, но Росонерите се фаворити.

Клучниот човек е спортскиот директор, Рики Масара кој неодамна дојде од Рома на „Сан Сиро“, а тој е еден од ретките со кого Де Роси имал добар однос.

„Две раце“ за трансферот дигнал и извршниот директор, Паоло Малдини кој многу го почитува Де Роси.

Scroll to Top